| четврток, 6 декември 2018 |

Ги оставила двете ќерки на минус 8 во автомобил додека таа се шминкала

Реџина Мари Колман (28) во Валдорф, Минесота, ги оставила своите две мали деца во автомобилот на огромен студ, додека таа се шминкала во блискиот трговски центар.

Мајката на девојчињата, на возраст од 3 и 6 години, заминала на шминкер, а тие околу еден и пол час чекале во автомобилот. Температурата надвор била минус 8 Целзиусови степени.

Девојчињата почнале да плачат, па минувачите повикале полиција. Полицајците ги пронашле девојчињата премрзнати, па веднаш ги ставиле во својот автомобил за да ги стоплат.

Обезбедувањето на трговскиот центар ја пронашло неодговорната мајка, која морала да замине во полициска станица. Бидејќи на шминкање била подолго од еден час и половина, додека нејзините две девојчиња замрзнуваа во автомобилот, таа е обвинета за запоставување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top