| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер му дојде на гости на Ѓоковиќ, српскиот ас си замина на скијање

Роџер Федерер се врати во составот на швајцарската репрезентација во Дејвис куп и ќе настапи викендов против Србија во Нови Сад, но ривал нема да му биде Новак Ѓоковиќ. Поради замор, Ноле си замина на скијање на Копаоник, па „орлите“ без него ќе бидат апсолутни аутсајдери на мечот од првото коло во рамките на светската група.

Швајцарија го има и Станислас Вавринка, тазе шампион од Мелбурн, па јасно е дека тие се во голема предност. За Србите сингл мечевите ќе ги играат Илија Бозољац и Душан Лајовиќ, а во игра на двојки е пријавен тандемот Крајиновиќ и Зимоњиќ.

Денеска на премиерата од 14 часот Бозољац ќе се обиде да го изненади Федерер, а подоцна ќе играат Лајовиќ и Вавринка.

Во останатите мечеви од првото коло во елитата, ќе играат: Чешка – Холандија, Јапонија – Канада, Германија – Шпанија, Франција – Австралија, САД – В. Британија, Аргентина – Италија и Казахстан – Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top