Селската чешма во струмичко Сачево деновиве станува хит во околината откако заедно со водата почна да испушта и подземен гас кој гори. Овој природен феномен селнаните го забележале зимава,
Ванчо Коцев, жител од Сачево, овој природен феномен селаните го забележале зимава.
– Оваа чешма е на длабочина од 84 метри и ја изградивме во осумдесетите години од минатиот век. Водата беше проверувана и служеше за пиење и задоволување на потребите на жителите од Сачево. По изградбата на водоводот веќе не е во употреба, а оваа зима случајно откривме дека таа испушта земјен гас кој гори – вели Ванчо Коцев, жител на ова струмичко село.
Пламенот кој излегува од чешмата е особено видлив навечер и достигнува 15 до 20 сантиметри. Овој природен феномен се уште не е испитан од страна на надлежните институции.
Пред неколку години заради исфрлање подземен гас-метан беше затворена селската чешма во Радово, а сличен пример за исфрлање подземен гас е забележан и кај полски чешми во атарот на Моноспитово, чии води земјоделците ги користат за наводнување на посевите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


