Воздушниот сообраќај во земјава утринава се одвива нормално, а нема и забрани за движење на возила во копнениот сообраќај.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани полетувањата за Лондон, Виена и за Загреб, а со мало задоцнување и слетувањата од Виена.
Единствено не се реализирани летовите за и од Истанбул на турската компанија „Туркиш ерлајнс“.
На патиштата низ државата засега сообраќајот се одвива нормално, по влажни коловози. Нема и подолготрајни задржувања на граничните премини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж