Поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Словенецот Зоран Талер, е осуден на две и полгодини затвор и парична казна поради корупција додека беше пратеник во Европскиот парламент.
Талер беше фатен во корупски скандал подготвен од британскиот весник „Сандеј тајмс“, чии новинари се претставија како лобисти кои даваа награда од 100.000 евра на европратеници за да влијаат на усвојувањето закони во Европскиот парламент.
Словенечката полиција поднесе пријава против Талер, а тој потоа се спогодил со обвинителството.
– Формално со таа спогодба ја признавам вината – изјави Талер кој доби казна од 15.000 евра кои ќе бидат донирани во Педијатриската клиника во Љубљана, а затворската казна ќе ја издржува на крајот на секоја недела. Тој, исто така, ќе нема право да се вработува во јавна служба пет години.
Заедно со Талер, во мамката на „Сандеј тајмс“ се фатени и австриски, романски и шпански европратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.