| четврток, 6 декември 2018 |

„Златна бубамара“ за трајни вредности за Драган Каранфиловски-Бојс

Наградата за „Трајни вредности“ на престојното издание на „Златна Бубамара на популарноста“ оваа година ќе му буде доделена на Драган Каранфиловски-Бојс, композитор на голем број хитови во повеќе жанрови од популарната музика: рок, поп, песни за деца, шансони.

Во својата солистичка кариера како кант-автор Драган Каранфиловски-Бојс ги создаде: „Опасно сум вљубен во тебе“, „Бели нарциси“, „Валерија“, „За мене најдобра“, „Лулај ме нежно“, „Зелен шал“, „Парижанка“, „Весела романтика“, „Афричко лето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top