| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најлуксузните хотели во светот?

Кои се најлуксузните хотели во светот? Од првите пет, два хотели се во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), два се во Европа – во Турција и во Италија и еден во Њујорк, САД.

1. „Палатата на Емиратите“ – Абу Даби, ОАЕ

emirates-palace-abu-dhabi-diamond-grand-room

Изградбата на овој хотел чинеше повеќе од три милијарди долари и овој хотел вистински го краси Абу Даби. Во овој хотел има 400 соби и апартмани, бела песочна плажа, 50 фонтани и базени, најдобро опремен спа-центар во светот, 40 конфренциски сали, различен вид мермер од сите страни на светот и стотина кристални лустери…

2. „Марден палас“, Анталија, Турција

resort-5-1024x715

Многумина тврдат дека ова е најлуксузниот хотел на Медитеранот. Тоа не може со сигурност да тврдиме, но сигурно спаѓа меѓу најдобрите. Она што го краси овој хотел е базенот кој собира илјада луѓе и 10 илјади тони фин и бел песок увезен од Египет, а се со цел на гостите да им се овозможи совршена плажа. Ентериерот е преплавен со италијански мермер, кристал и со злато, а има и аквариум во кој се наоѓаат стотина разнобојни и егзотични риби.

3. „Вестин Ексцелиор“, Рим, Италија

8436913517-a65e3abfe0

Сместен во модно освестената улица „Виа Венето“, овој хотел ги има за гости богатите и славните повеќе од 100 години. Најлуксузно опремен е апартманот „Вила ла Купола“, која се простира на два ката и има сопствена сауна, џакузи, сала за вежбање…

4. „Бруј ал Араб“, Дубаи, ОАЕ

al-arab-dubai-dubai-uae-

Секој апартман се наоѓа на два ката и има величествен поглед на море. Хотелот има сопствен хелидром, подводен ресторан, највисок тениски терен и користење „ролс ројс“ со кој управува сопствен шофер.

5. „Плаза хотел“ во Њујорк, САД

plaza-new-york-

Хотелот „Плаза“ е сместен на Менхетн и постои повеќе од стотина година. Официјално се вбројува во историско-национална знаменитост. Што го прави луксузен? Апартманот со три спални соби, три бањи, вежбалница, библиотека, кујна преполна со намирници ако со вас патува и готвач, батлер, сопствен лифт, дури и клавир. Посебно е интересна детската соба, односно игротека.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top