Црногорскиот претставник на „Евровизија“ деновиве ја завршува композицијата со која во мај ќе настапи во Данска.
Имено, песната полека се подготвува во студио во Белград, а Сергеј Четковиќ како помош повикал голем број пријатели, музичари и продуценти.
– Песната, конечно, почна да го добива својот облик и овие денови најголемиот дел од времето го поминуваме во студио снимајќи. Ја сакам работната атмосфера и многу сум задоволен кога времето го поминувам во студио со веќе проверена екипа и заедно ги склопуваме делчињата од еден голем мозаик. Премиерата на песната ја очекуваме околу средината на февруари и се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката – изјави Сергеј Четковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.