| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор: Водете љубов, и тоа со прстенот на вибрации од „дурекс“ (ФОТО+ВИДЕО)

Младиот пејач Виктор Апостоловски, кој е првиот амбасадор на „Дурекс“ во Република Македонија, има улога да ја поддржи кампањата за превенција кај младите за заштита од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции.

Viktor Apostolovski (9)

За „Република“ Виктор открива детали за кампањата, снимањето на промотивното видео, но и за тоа колку секојдневно ги користи производите „дурекс“ за забавен и безбеден сексуален живот.

Денеска и официјално беше назначен за амбасадор на „дурекс“, всушност која ќе биде твојата улога?

Виктор: Да, навистина сум среќен што сум назначен за амбасадор на светската марка „дурекс“ во нашата земја, и тоа со една благородна цел, да ги едуцирам младите преку забава. Мојата задача ќе биде на сите акции кои ќе ги организираме и кои се од едукативен карактер, да се појавувам и да ги поттикнувам младите на прифаќање на советите од „дурекс“ и прифаќање  позитивни промени во животот. Најважно од сѐ е што треба да ја пренесеме пораката дека треба да се користат презервативи за заштита од сексуалнопреносливи инфекции, ХИВ/СИДА и непланирана бременост.

Viktor Apostolovski (3)

Изминатата недела имаше и официјална фотосесија, ќе ни откриеш повеќе детали?

Виктор: Токму така, изминатиот викенд во студиото во Бардовци се снимаше фотосесијата на која се правеше и видеото зад сцена, односно познато како „making of…”. Искрено, иако ова не ми е прва фотосесија, но, дефинитивно, беша најзабавната, особено делот кога го дувавме кондомот, супермен стилот на држење на лубриканти. Но, најзабавно беше соблекувањето до половина (се смее).

На што си обврзан со договорот што го потпиша со „дурекс“, кои ти се обврските?

Виктор: Не би го користел моментот обврзан, повеќе би го користел со задоволство обврзан да направам два видеоспота кои се поддржани од „дурекс“ кои ќе бидат дел од мојот албум. Нормално, ќе бидам присутен на повеќето настани. Сепак, ова е еден чекор повеќе во мојата кариера и би сакал уште многу вакви убави моменти кои ќе бидат интересни и едукативни.

 Колку ти ги користиш кондомите „дурекс“, имаш ли омилени лубриканти, како и останати реквизити?

Виктор: Да бидам искрен, од кондомите имам фаворит, тоа е „плежрмакс“ (Pleasuremax), додека од лубрикантите „ворминг“ (Warming), тука е и прстенот кој е интересен. Треба да пробате за да знаете што е подеднакво прифатливо и секси за вас и за вашиот партнер.

Viktor Apostolovski (10)

Кое е твоето мислење, дали тинејџерите користат презервативи?

Виктор: Според минатогодишното истражување на „дурекс“ во средните училишта, резултатите од анкетата покажале дека 62 проценти од вкупниот број испитаници одговориле потврдно на прашањето дали користат кондом при сексуалниот чин. Сепак, дадените одговори упатуваат на очигледна безгрижност и голем процент на неинформираност. Разочарувачки е дека само 5 проценти од тинејџерите информациите ги добиле од доктор, што укажува на потреба од спроведување едукација и пренесување на младите релевантни и точни информации.

Интересно е што оваа година ќе има и мобилна апликација за паметни телефони?

Виктор: Апликацијата ќе биде реализирана во соработка со Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, од страна на студентите затоа што анкетата од изминатата година ни укажа дека тинејџерите информациите за употребата на презервативи ја добиваат од интернет 54%, информации прекажани од кругот на пријатели 27%, 17% се информирале од другите медиуми. Дефинитивно, тоа ќе биде апликација од младите за младите преку која ќе се процесираат правилни информации.

Viktor Apostolovski (2)

Колку летната кампања ќе допре до младите луѓе?

Виктор: Како и минатата, така и оваа година, дефинитивно, летната кампања на охридските плажи ќе допре до младите луѓе и ќе ја постигнеме целта да превенираме за сексуалнопреносливи инфекции, како и од непланирана бременост, односно сите млади да си го планираат семејството.

Која е твојата порака до младите?

Виктор: Младите треба да користат заштита, да водат љубов и да уживаат во убавите моменти. Сѐ што треба да прашаат да не стравуваат, туку да побараат стручен совет од докторите пред првиот сексуален однос и отворено да разговараат со своите родителите на оваа тематика.

Viktor Apostolovski (7)

И за крај што ќе биде следно од Дурекс поврзано со тебе?

Виктор:Не би сакал да откривам уште сега детали за следната активност, само би кажал дека тоа ќе биде за празникот за Св. Валентин. Ќе подариме нешто ново интересно од моето студио.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top