| четврток, 6 декември 2018 |

„Ќе те фрлам од балкон“- американски конгресмен се справува со новинар (Видео)

„Ако уште еднаш го направиш тоа, ќе те фрлам од е**ниот балкон“. Вака американскиот конгресмен од Њујорк се справува со локален телевизиски новинар кој поставува прашање кое конгресменот не го очекува и одбива да го одговори.
На шокантната снимка, како ја оценува американската јавност, конгресменот Мајкл Грем одбива да одговори и си заминува од кадарот, несвесен дека камерата и микрофонот сѐ уште снимаат, се втурнува кон репортерот и вели:
– Ако ми го сториш тоа, повторно ќе те фрлам од е**ниот балкон. Ти не си толкав маж. Ќе те скршам на половина. Како дете – додава конгресменот на репортерското прашање „Но, зошто? Прашањето е легитимно…“
Тоа што го изнервирало конгресменот е прашањето околу обвинувањата за прекршувања на финансирање на кампањата за кои американското Министерство за правда води истрага.
Откако снимката се појави во јавноста, конгресменот го објаснува случајот со набиена агенда.
„Бев изнервиран бидејќи иако имав многу обврски побрзав да направам услуга. Репортерот го знаеше тоа, дека бев таму само да го искоментирам настанот. Но, тој инсистираше да направи нечесна и евтина снимка на крајот од интервјуто, бидејќи немав време да зборувам вон темата. Очекувам определено ниво на професионализам и респект, особено кога излегувам од агендата да сторам услуга на репортер. Се сомневам дека сум прв член на Конгресот што избркал репортер, а сигурен сум дека нема да бидам ниту последен“, реагира писмено конгресменот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top