| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена мртва жена покрај пругата во Прилеп

Zeleznicka pruga

Мртва повозрасна жена е пронајдена вечерва покрај железничката пруга во месноста сточен пазар во Прилеп, јави Нова Македонија.

Настанот во ПС Прилеп бил пријавен околу 20.45 часот, по што полицијата и јавен обвинител излегле на лице место. Се уште трае увидот, по што треба да се знае и идентитетот на жената и како настапила смртта.

Дека жената е мртва констатирале лекарите од итната помош.

-Кога нашата екипа пристигна на лице место утврди дека е мртва. Имала повреди на главата. Од што дополнително ќе се утврдува – вели Гоце Јонзоски, раководител на итната помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top