| четврток, 6 декември 2018 |

МАН: Партиите да престанат да манипулираат со лични и деловни податоци за новинари

Начинот на кој политичките партии објавуваат и манипулираат со лични и деловни  податоци за новинари е политичко уништување на личноста и професијата новинарство, велат од Македонската асоцијација на новинари (МАН) додавајќи дека доколку ова стане пракса на политичките партии новинарството нема да може да постои како професија со авторитет.

– Двете страни да престанат со објавување, употреба и злоупотреба на лични и деловни  податоци на новинари и редакции. Доколку за некој новинар или редакција има сознанија за незаконско работње да поднесат соодветни пријави. Досега изнесеното од страна на политичките партии против новинари и редакции го сметаме за злоупотреба и за опасно како за новинарството како професија, така и за воспоставување на пракса за злоупотреба на новинарската професија, а утре можеби и на другите професии кога можеби ќе се манипулира со податоците на професори, лекари…- се вели во соопштението од МАН.

МАН повикува на воздржување на понатомошни пресметки и држење од правилото дека пред јавноста одговараат оние кои располагаат и владеат со јавните пари, а тоа се политичарите.

За ваквиот чекор и ставовите МАН има поддршка и од амбасадите во Република Македонија.

Македонската асоцијација на новинари очекува Здружението на новинари да се приклучи кон ставовите со цел заеднички да се настапи за заштита на честа и угледот на новинарите и редакциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top