| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската делегација оствари повеќе бизнис средби во Индија

DSC_0250

Македонската  делегација составена од министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, министерот за информатичко општество Иво Ивановски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, економскиот промотор Тони Атанасовски и ново назначениот амбасадор за Индија, од 27-29 Јануари присуствуваат на интернационалниот Biznis Partnersip Samit во Индија организиран од најголемата стопанска комора на Индија.  На Самитот учествуваат повеќе од 1000 компании и претставници на 35 земји во светот.

Македонската делегација во текот на денешниот ден остварила повеќе официјални средби меѓу кои, средба со Султан бин Саед Ал Мансори- министер за економија на Обединетите Арапски Емирати, Мустапа бин Мохамед –министер за интернационална индустрија и трговија на Малезија. На средбите освен презентирањето на бизнис и инвестициската клима во Македонија се разговарало и  за продлабочување на меѓусебната соработка на двете земји. На средбите било предложено организирање на бизнис форуми со цел дасе овозможи презентирање на можностите за инвестирање и зголемување на трговијата меѓу земјите.

Делегацијата остварила и дополнителни средби со една од најголемите индустриски индиски конгломерати – компанијата  Mahindra & Mahindra.  Биле остварени средби со три компании од ИТ секторот Hinduja Global Solutions, Infosys I Mindtree и беа посетени кампусите на две од водечките ИТ компании во светот Infosys I Mindtree чии седишта се во Бангалор, при што биле разгледувани потенцијалните потреби на компаниите за дополнително проширување во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top