| четврток, 6 декември 2018 |

Дончев: Виница заокружува успешна година во која се реализирани ветените проекти

vmro-dpmne1_1

Општина Виница заокружува една успешна година, во која се реализирани најголемиот дел од ветените проекти, но и проекти кои не беа ветени, но се покажа дека се многу значајни за граѓаните на општината.

– Извршена е реконструкција на околу 4.000 метри водоводна мрежа, односно заменета е старата азбестна со нова ПЦЦ линија, а изградена е и водоводна и канализациона мрежа во новата индустриска зона. Исто така,  асфалтиран е локалниот пат Виница- с.Градец и улица од 400 м во с. Истибања, изградени се два моста, во с.Лаки и на излезот на Виница спрема с.Градец и завршена е втората фаза од забавниот парк „Виниленд“ – изјави градоначалникот на Општина Виница, Емил Дончев.

Тој ги наведе сите реализирани проекти и оние кои се во тек на реализација, како што е реконструкција на некои од училиштата и градинките, изградба на атмосферска канализација, водоводна мрежа и асфалирање на патиштата.

– Овие и сите други проекти кои ги ветивме во програмата за локалните избори се наша обвска пред граѓаните. Ние ветивме и напорно работиме тоа да го оствариме. Само со континуирана работа може да ја постигнеме нашата цел Виница да ја претвориме во просперитетна општина – истакна Дончев.

Целта прес-конференција може да ја погледнете на видеото од Република ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top