| четврток, 6 декември 2018 |

„Избеганиот“ поранешен директор на Тутунски комбинат се појавил во „Вест“ за да го демантира бегството

tutnski kombinat prilep

На Тони Мицајков, осудениот поранешен директор на „Тутунскиот комбинат“ од Прилеп му е дозволен прекин на издржување на казната затвор до 2 април 2014 година, со правосилно решение на Основниот суд Скопје 1, преку судија за извршување на санкции. Мицајков во придружба на неговиот бранител се појавил во редакција „Вест“ со намера и лично да ја демантира информацијата од Управата за извршување санкции дека е издадена наредба за негово стражарно приведување, објави весникот „Вест“.

– Не сум избеган, сиот овој период сум по клиники, амбуланти и други медицински установи. Целата документација е испратена во надлежната институција – изјави за весникот Мицајков.

Тој и неговиот адвокат го приложиле решението на Основниот суд Скопје 1 со кое на Мицајков му се прекинува издржување на казната заради лекување во период од три месеци, до 2 април 2014 година.

Управата за извршување на санкции повела барање за приведување мислејќи дека осуденикот е избеган, повикувајќи се на нивното решение со кое на Мицајков му бил одобрен прекин на издржување на казната во траење од еден месец до 2 октомври минатата година.

toni micajkov

Во меѓувреме, Мицајков поради лекување побарал продолжување на прекинот на издржување на казната, а Основниот Скопје 1 на 2 јануари му одобрил дополнителен тримесечен прекин и тој треба да се јави во „Идризово“ на 2 април 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top