Вежбањето помага за подолг живот, губење на килограмите и јакнење на срцето. Тоа е најдобар лек за сите здравствени проблеми.
1. Анксиозност
– Постои секојдневна анксиозност од која сите страдаме, поради работата, парите и семејните проблеми. Меѓутоа, постои и клиничка анксиозност која може да се појави од депресија.
Најдобри вежби: За лицата кои страдаат од хронична анксиозност најдобри се медитативни вежби кои се фокусираат на дишењето, како што е јогата.
2. Губење на паметењето
– Вежбањето го стимулира протокот на крв до мозокот, посебно до оние делови кои ја контролираат меморијата, вниманието и донесување на одлуки.
Најдобри вежби: Се што е ново за вас. Научете таи чи, да играте тенис или некој нов танц.
3. Проблеми со сонот
– Луѓето кои вежбаат имаат поквалитетен сон од оние кои не вежбаат.
Најдобри вежби: Било која 30-минутна вежба ќе го подобри вашиот сон.
4. Астма
– Звучи нелогично, но ако имате астма вежбајте повеќе и помалку ќе страдате. Истражувањата покажале дека подобрувањето на кардиоваскуларниот систем ја намалува тежината на симптомите на астма.
Најдобри вежби: Се што ве интересира од кардио тренинзите до надворешните активности.
5. Еректилна дисфункција и ниско либидо
– Тоа може да биде причина за стрес, неквалитетен сон и слаба циркулација. Се тоа може да се подобри со вежбање.
Најдобри вежби: Било кој вид на полесни телесни вежби ќе ја подобрат вашата циркулација под појасот.
6. ПМС и симптоми на менопауза
– Истражувањата покажале дека жените кои минуваат низ менопауза или ПМС, со вежбање ги намалуваат симптомите на овие состојби.
Најдобри вежби: За жените во менопауза е најдобар аеробикот. Исто така, јогата, таи чи или пилатес го намалуваат стресот и промените во расположението кои се последица на ПМС и менопауза.
7. Болки во грбот, колкот, колената и вратот
– Речиси било кој облик на болка може да се намали со вежбање.
Најдобри вежби: Тренинг на сила и истегнување на болниот дел ќе ги намали вашите проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.