| четврток, 6 декември 2018 |

Возрасна жена заболена од ситни сипаници задржана на Инфективна клиника

infektivna

На Инфективната клиника во Скопје вчера била задржана 33-годишна скопјанка со мали сипаници или морбили. Ова е петти случај на морбили во Македонија за неполн месец.

Заболената имала примено само една доза од вакцината против МРП. Состојбата на пациентката која има исип е стабилна и прима соодветна терапија, објави „здравство24“.

Лани цела година имало само тројца заболени.

Според лекарите вирусот кај повозрасните лица може да предизвика сериозни проблеми на белите дробови, мозокот и срцето доколку на време не се јават на инфектолог и не примаат соодветна терапија.
Периодот на инкубација на вирусот трае околу 2 недели, а потоа се јавуваат првите симптоми кои се слични како кај грип со печење на очите, секрет во носот, почачена температура, малаксаност, па потоа се јавува испитот, велат лекарите.
Морбилите се најзаразни 5 дена пред и 5 дена после исипот.

Најдобра заштита според епидемиолозите е вакцинацијата. Оваа вакцина за прв пат во Македонија е воведена во 1972 година, а втората доза од истата вакцина е воведена во 1987 година. Лицата родени 1980 година за прв пат со втора доза на МРП се вакцинирани кога биле прво одделение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top