В петок со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини. Премиерата на „Турандот“ на сцената МОБ се одржа на 9 мај 2002 година, на отворањето на Мајските оперски вечери, а насловната улога на принцезата Турандот, ја толкуваше примадоната од Белград, Радмила Бакочевиќ. Претставата е веќе 12 години редовно на нашиот репертоар и е една од најомилените кај публиката. Во петочната претстава ќе настапат: Првенката, Весна Ѓиновска- Илкова, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија „NESUN DORMA“, за пат пат ќе настапи тенорот, Ѓорѓи Цуцковски, Лиу: Сандра Митровска, Тимур: Игор Дурловски, Пинг: Нико Исаков (Бугарија), Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Диме Петров, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Мирослав Митрашиновиќ, Џелат: Јан Кисилев. Диригент е Саша николовски-Ѓумар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.