На годинешното доделување на филмските награди „Оскар“ посебна чест ќе му биде доделена на филмот „Волшебникот од Оз“ на компанијата „МГМ“, објавија продуцентите на престижната награда на американската Академија на филмски уметности.
Овој филм е снимен во далечната 1939 година, според популарната детска книга на Л. Франк Баум и заработи шест номинации за „Оскар“ и одвои две награди и тоа за најдобра актерка и најдобра музика. Таа година во категоријата најдобар филм победи „Однесено со виорот“, иако и „Волшебникот од Оз“ беше номиниран.
Режисер на филмот беше Виктор Флеминг, а актерката екипа ја сочинуваа: Џуди Гарленд, Френк Морган, Реј Болгер и Берт Лахр.
Оваа година наградата „Оскар“ ќе се доделува на 2 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.