| четврток, 6 декември 2018 |

На улиците на Скопје фрлени 80 тони сол

снег

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и изутринава интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници, како и на булеварите и улиците кои се во нивна надлежност, каде фрлија околу 80 тони индустриска сол.

Град Скопје соопшти дека екипите на градската зимска служба и на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ на терен интервенирале со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на градот. Градските екипи интервенирале на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара, како и на сите останати т.н „црни точки“ во градот.

Од Град Скопје препорачуваат возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top