| четврток, 6 декември 2018 |

Судија доживотно суспендиран – местел натпревари во замена за секс

crven_karton

Светската фудбалска федерација ФИФА доживотно го суспендираше либанскиот судија Алија Сабах затоа што во април минатата година во Сингапур прифатил да намести натпревар во замена за сексуални услуги.

Азиската фудбалска конфедерација веќе му забрани на Сабах да суди натпревари и да има пристап до фудбалските стадиони.

Али Сабаг (34) и неговите помошници Али Еид (33) и Абдула Талеб (37) беа приведени по натпреварот меѓу сингапурскиот Тампинес Роверс и индискиот Ист Бенгал што го добиле гостите со 4-2.

Истрагата утврди дека обвинтеите судии во замена за местење на натпреварот, биле „наградени“ со сексуални услуги  од три девојки во хотелот во кој биле сместени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top