| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон го искрши болидот на првото тестирање (видео)

Првото официјално тестирање на новиот болид на Мерцедес не се одвиваше како што се очекуваше, бидејќи Хамилтон со неговиот болид заврши во заштитната ограда.

За среќа пилотот помина без повреди, но болидот секако ќе мора да заврши во гаража. Од Мерцедес се огласија и велат дека проблемот било левото крило на новиот болид, а примероци од истото ќе бидат испратени на испитување.

Пред да заврши во оградата, Хамилтон извозе 18 кругови постигнувајќи одлично време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top