
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2013 година изнесувала 21.054 денари. Во однос на ноември 2012 година, нето-платата е зголемена за 0,9 денари.
Зголемувањето се должи, пред сè, на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 6,2 проценти, „транспорт и складирање“ за 5,3 проценти и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 3,6 проценти, додека, од друга страна, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври, е забележано во секторите рударство и вадење камен за 8,8 проценти, снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3 проценти и градежништво за 4,2 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


