В недела со почеток во 16 часот ќе биде прикажан претпоследниот балет од сезоната на театарот „Бољшој“. Станува збор за директниот пренос на „Загубени илузии“ на Ратмански.
Лусен, млад провинцијалец и композитор во подем, се обидува да ја освои париската сцена трагајќи по својата слава. Набрзо, заслепен од својот успех, ќе ги изневери неговите пријатели и неговата љубов… Базиран на новелата на францускиот поет Оноре де Балзак, балетот е извонредно привлечна приказна за страста, амбициите, но и разочарувањата. „Загубени илузии“ е нов балет креиран во
Москва во 2011 година од страна на кореографот Алексеј Ратмански со драматуршки осврт од францускиот актер, писател и режисер Гијом Галиен. Оваа стилизирана адаптација на новелата претставува мешавина од забранета љубов и илузии во 19 век, земајќи го Париз за своја сценска заднина. Со солистите Владислав Лантратов (Лусен, младиот композитор), Дијана Вишнева (Корали,
балерина на париската опера), Екатерина Шипулина (Флорин, балерина на париската опера) и Артем Овчаренко (првиот танчер, водачот на разбојниците).

Глобално најуспешната серија на балетски преноси во кината, балетот на „Бољшој“ во живо за сезоната 2013/14 ни подготви смела и раскошна програма која ја рефлектира различноста на најголемите балети во светот. Сезоната почнува со симболот на балетот на „Бољшој“ – прекрасниот епски херој „Спартакус“, прикажувајќи ја легендарната машка танцувачка техника на компанијата.
Популарните класични балети на Петипа од 19 век беа презентирани преку балетот „Пират“. Во „Бесценети камења“ на Бланшин ќе ги видиме изведувачите со своја изворедна кореографија во американски стил. „Загубени илузии“ е долготраен балет на најголемиот современ руски кореограф, талентираниот Алексеј Ратмански; а преку „Марко Спада“, „Бољшој“ ни го претставува новиот и
досега необјавен балет креиран за оваа балетска сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


