| четврток, 6 декември 2018 |

Презентирани владините мерки за самовработување во Кавадарци

vlatko popovski

Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на Македонија, во Кавадарци денеска ги презентираше мерките на Владата за вработување пред претставници на компании и невработени лица.

– Има сѐ поголем интерес кај невработените лица за активните мерки за вработување кои ги практикуваат Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување од 2007 година наваму, а се однесуваат на различни категории граѓани – изјави Поповски најавувајќи ги и новите мерки кои ќе стартуваат од 3 февруари, а меѓу кои ќе има и две пилот-мерки.

Директорот Поповски, меѓу другото, информираше дека набргу ќе се објави и мерката за побарувани вештини на пазарот на трудот за сите оние кои сакаат да си добијат сертификат или диплома за научено ново занимање со кое ќе бидат многу поконкурентни на пазарот на трудот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top