
ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Заев и од СДСМ зошто токму семејната фирма на Цветанка Иванова има добиено 48 јавни набавки со вкупна вредност од 20.111.810 денари од Општина Струмица и нејзините институции.
– Зоран Заев треба да излезе и да каже дали на тој начин, преку делење милионски тендери на фирмите на неговите партиски соработници, ја купува нивната наклонетост и поддршка во својата партија? Зар за Зоран Заев и Цветанка Иванова не претставува судир на интереси тоа што од толку многу фирми во Струмица и Македонија, Зоран Заев одлучил преку овие јавни набавки да ѝ додели пари на својата сопартијка и да овозможи на нејзината семејна фирма да оствари милионски профит – изјави на денешната прес-конференција Александар Колев.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги прашуваат луѓето од СДСМ каде се моралната и политичката одговорност на Зоран Заев и Цветанка Иванова?
– Во целиот овој случај на сомнителни јавни набавки, симптоматично е тоа што, случајно или не, речиси сите јавни набавки се расцепкани и поделени на поголем број јавни набавки, очигледно со единствена цел и намера овие тендери да ги добие фирмата „Дикор“ без претходно таа да има обврска за распишување на јавен оглас, односно да се потпише договор во четири очи – истакна Колев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена


