Почна процесот на набавка на вагони кои ќе го подобрат железничкиот сообраќај и ќе го подигнат на едно ново повисоко ниво. Почетокот на реализација на оваа инвестиција за набавка на нови локомотиви и вагони денеска го објави премиерот Никола Груевски.
Премиерот појасни дека се порачани товарни и патнички вагони и локомотиви, поточно порачани се 150 товарни вагони вредни околу 13 милиони евра и шест локомотиви со гарнитури во вредност од околу 23 милиони евра.
Тој додаде дека веќе е склучен договорот за набавката на 150 товарни вагони, чијашто прва испорака се очекува во јули, а треба да пристигнат во земјава до крајот на годинава.
Средствата за оваа инвестиција, како што потенцираше премиерот, се обезбедени од Европската банка за обнова и за развој.
Договорот за локомотовите ќе биде потпишан во март годинава со компанија која ќе ги произведе и достави во Македонија. Од шесте планирани локомотиви два се на електричен погон, а четири на дизел. Сите ќе имаат гарнитури за по 1.200 патници.
Со ова, посочи премиерот, ќе бидат обновени 60 проценти од целиот железнички парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



