За реализација на програмата за рибарство и за аквакултура од буџетот ќе бидат издвоени 90 милиони денари или 1,5 милион евра. Со овие средства ќе се спроведат мерките и активностите предвидени за водните текови, за богатување на рибниот фонд, за економската корист на угостителите и на граѓаните, за поддршката на рибарството издвоени се 21,6 милиони денари или 350.000 евра, а за аквакултура се издвоени 64 милиони денари или околу еден милион евра.
– За порибување на Охридско Езеро се издвоени 13 милиони денари, што е двојно повеќе од лани, што ќе доведе до поголем обем на улов на пастрмката за 2014 година е предвидена на 16,5 илјади килограми. Тоа ќе придонесе за подобрување на економскиот статус на субјектите кои се занимаваат со оваа дејност – изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.
За порибување на Преспанско и на Дојранско Езеро се издвоени 6,5 милиони денари, кои треба да бидат искористени и за изградба на мандри, пунктови за порибувања на езерата и слично.
За аквакултурата се издвоени 64 милиони денари, кои ќе бидат наменети за изградба, реконструкција и адаптација на рибниците, набавка на опрема за кои што ќе бидат издвоени 19,5 милиони денари, за производство на порибителен материјал, ќе бидат издвоени 30 милиони денари. Субвенициите за производство и продажба на риба изнесуваат 15 милиони денари. Според Ѓоргиев, овие мерки што се преземаат даваат значителни резултати бидејќи за овие осум години преку финансиската поддршка на рибарството и аквакултурата фондот на производство на риба е зголемен за 2,5 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



