| четврток, 6 декември 2018 |

Страв од „црните вдовици“ во Сочи, ѕвездите од НХЛ „на стендбај“ за Олимписките игри

Раководството на НХЛ-лигата размислува дали да им дозволи на дел од најдобрите професионални хокеари на планетата да учествуваат на Олимписките игри во Сочи, Русија, кои ќе се одржат следниот месец. Голема е веројатноста дека сите што се повикани, ќе настапат, но постои и мал знак прашалник што во интервју за „Асошиејтед прес“ го најави заменик-комесарот на најсилната хокеарска лига на светот, Бил Дејл.

– Ако до почетокот на Олимписките игри се случи некаков инцидент, ќе ја преиспитаме одлуката НХЛ хокеарите да играат на турнирот во Сочи. Засега е сѐ во ред и ако остане така, ќе гледаме врвен хокеј – изјави Дејл.

Ова следува по објавата дека во Сочи пристигнале три жени-самоубијци или, како што ги нарекуваат, „црни вдовици“. Руските служби се на штрек, но најавија дека нема да има никакви проблеми за време на ЗОИ, а Игрите ќе ги обезбедуваат повеќе од 50 илјади полицајци и војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top