| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сè не добил „Греми“?

Доцна синоќа во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес се одржа 55. доделување на наградите „Греми“, најпрестижните музички награди во САД. Оваа година беа доделени награди за дури 81 категорија на поп, кантри, рок и на џез до класична и латинскоамериканска музика

Но, многу ѕвезди кои ги потврдила историјата не ја добиле оваа престижна награда.

Џенис Џоплин
319509-23
Песните „Cry Baby” и „Piece of My Heart” и ден денес се меѓу потребните четива за растење и учење за рок музика. Сепак, Џенис, додека беше жива, нема добиено „Греми”. Таа почина во октомври 1970. година, а престижната награда и беше доделена само во 2005 година, и се разбира за животно дело.

 „The doors“
The Doors file photo
Зарем треба да се објаснува кои се „Doors“. Најконтроверзниот бенд во шеесеттите години кој има продадено над 100 милиони албуми низ целиот свет. Тие беа предводени од Џим Морисон, кој се’ уште е икона на многу луѓе. Џим почина во 1971 година, а бендот се распадна во 1973година. Нивните хитови „Light my fire” и „Hallo, I love you”, „ People are strange“, „Love streеt“, „Break on through“,  „Riders on the storm“ „LA woman“ се рок класици. Добија “Греми” за животно дело во 2007 година.

Bob Marley
2-pozitivni-citati-od-bob-marli-i-letna-rege-lista-www.kafepauza.mk_
Икона на регето зад кој останаа едни од најпопуларните песни на сите времиња. Почина од рак 1981 година. А албум „Legend“, кој беше објавен три години по неговата смрт, досега е продаден во околу 25 милиони копии. Неговиот роденден е денес. Боб Марли наградата „Греми” за животно дело ја доби во 2001 година.

„Led Zeppelin“
led_zeppelin_photo

Овој бенд, како ретко кој го одбележа хипи движењето. Во бендот две големи имиња – пејачот Роберт Плант и гитаристот Џими Пејџ. Бендот има продадено над 300 милиони албуми, а наградата за придонес во музиката имбеше доделена во 2005 година.

Дајана Рос, групата „The who“, Бади Холидеј се само дел од имињата кои не добиле награда „Греми“, или пак добиле, но по нивната смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top