Џенифер Лопез и Марк Ентони можеби се разведени, но тоа не ги спречува да споделат нежности на сцената. Откако раскина со двојно помладиот љубовник, Каспер Смарт, Лопез станува сè поблиска со поранешниот сопруг.
Нивниот бакнеж на латино Греми наградите, ги разгоре гласините дека можеби бившите сопружници решиле да ги закопаат секирите и да дадат на љубовта уште една шанса.
Латино дивата привлече внимание со бакнежот, но и со трите комбинации на облека кои што избра да ги носи на доделувањето на наградите. И покрај тоа што за три години ќе наполни 50 години Џеј Ло не дозволува ништо да ја спречи да изгледа секси и пожелно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.