| четврток, 6 декември 2018 |

Секс, дрога и реге – најдобриот затвор во светот (видео)

Затворот „Сан Антонио“ на островот Маргарита во Венецуела однадвор, можеби, изгледа како и секој казнен дом, вооружени војници го чуваат влезот, а внатре ќе ве дочека тотално опуштена атмосфера.

Повеќе од две илјади затвореници, осудени поради убиства или препродавање дрога, се забавуваат на песочните плажи со разголени девојки, со марихуана и слушаат реге музика, пишува „Њујорк тајмс“.

Од оваа слика ќе помислите дека сте дојдени на некоја забава, но ова е секојдневниот живот на затворениците.

Компанијата „Џорнимен пикчрс“ објави краток документарец на „Јутјуб“ за најдобриот затвор во светот. Затворениците велат дека целиот луксуз му го должат на Теофил Родригез, осуден дилер кој е главен во затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top