Општината Каен од француската провинција Долна Нормандија финансиски ќе ја поддржи изработката на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. Се работи за проект на општина Охрид вреден 13 илјади евра, со кој беше аплицирано во рамки на програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија, преку Асоцијацијата на агенции за локална демократија.
Носители на проектните активности ќе бидат општините Охрид и Каен, во соработка со Националната установа „Завод и музеј – Охрид“. Проектот е резултат на неодамнешната работна посета на делегација на Општина Охрид на Долна Нормандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


