Во Атланта од пред некој ден почна кампањата за поддршка на Перо Антиќ и на Мајк Скот, со цел Хоукс да има двајца кошаркари на „Рајзинг старс челенџот“ (Rising Stars Challenge) како дел од мегаспектаклот наречен олстар-викенд во Њу Орлеанс. Од Хоукс се надеваат дека и Пол Милсеп ќе биде повикан како резерва за главниот настан, олстар-мечот закажан за 16 февруари. Два дена претходно на самиот почеток на еден од најзабавните спортски викенди на планетата, ќе играат дебитантите на Шекил О`Нил и „сомфорите“ на Чарлс Баркли.
Кандидат за настап во тимот на Шек е Перо Антиќ, четврторангираниот дебитант во НБА, на последната листа со кошаркари кои првпат играат во најсилната лига. На спротивната страна се популарните сомфори или кошаркари што се втора сезона во НБА, а за тој состав што го предводи Чарлси Баркли или Чак, конкурира Мајк Скот.
Кој ќе игра во Њу Орлеанс на 14 февруари одлучуваат помошник-тренерите во НБА- лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


