Единствениот македонски претставник што остана во балканското шоу „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски, за вечерната, четврта по ред, емисија во живо повторно подготви странска песна, која беше чест предлог и од неговите обожаватели.
Во синоќешната емисија „Икс-фактор потера“ беше најавено дека менторот Жељко Јоксимовиќ за Даниел ја одбрал песната „Counting Stars“ од „One Republic“, додека за другиот свој штитеник, пак, Босанецот Маид Хачимовиќ, одбрал позната балада од групата „Тути фрути бенд“ (најверојатно и единствената нивна позната балада „Стваре лагане“).
Специјални гости во ревијалниот дел од вечерта ќе бидат две хрватски пејачки ѕвезди. Како што веќе беше најавено, на сцената ќе запее Јелена Розга, а подоцна нејзината постара колешка Дорис Драговиќ.
Ова е првпат по децении Дорис да настапува во Србија откако пред години се заколна дека нема да доаѓа. Сепак, далматинската пејачка така ќе го најави големиот белградски концерт, кој ќе се одржи на 14 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


