| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи очекува конкретни договори

Kosovo Prime Minister Hashim Tachi during a press conferenceКосовскиот премиер Хашим Тачи во пресрет на вечерашната рунда од дијалогот Белград-Приштина во Брисел, изјави дека очекува оти ќе бидат постигнати конкретни договори во врска со примената на Бриселскиот договор, пренесе МИА.

– Пред се ќе разговараме за воспоставување функционален правосуден систем, рече Тачи и додаде дека очекува ефикасна примена на Бриселскиот договор по успешно завршените локални избори.

Тој потсети дека повторените избори на северот на Косовска Митровица ќе се одржат на 23 февруари.

Запрашан да го прокоментира почетокот на преговорите за пристапување на Србија во ЕУ, Тачи рече оти се надева дека и Косово и Србија ќе бидат наскоро примени во ЕУ и НАТО, како што наведе, „како две независни држави“.

Претходно во зградата на Европската служба за надворешни работи почна билатералниот состанок на српскиот премиер Ивица Дачиќ со со шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top