| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓул побара од Оланд Франција да не ja блокира Турција

gjul olandФранција да не го блокира напорот на Турција за членство во Европската унија, побара турскиот претседател Абдула Ѓул од својот француски колега Франсоа Оланд за време на посетата

– Го поздравуваме позитивниот став на Оланд во изминатите неколку години. Сепак, преговарачкиот процес не значи и членствo. Преговарачкиот процес претставува процес на прилагодување. Се надеваме дека нема да дојде до политичка блокада- изјави Ѓул на заедничка прес конференција со Оланд.

Посетата на Оланд на Турција е прва посета на француски претседател во изминатите 22 години и покажува одмрзнување на врските меѓу двете земји.

Францускиот претседател во посета на Турција замина со седуммина министри и делегација од 40 водечки бизнисмени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top