| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ реагира на обвинувањата за нелегални јавни набавки во Струмица

sdsm

СДСМ реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за нелегална тендерска документација и јавни набавки.

– ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку години се преповторува на речиси исти прес- конференции. ВМРО-ДПМНЕ ги контролира сите институции во државата. Истите тие институции под нејзина контрола по неколку пати ги проверуваа сите јавни набавки во Општина Струмица и констатираа дека јавните набавки се спроведени во согласност со законите. Повторуваме, целокупната тендерска документација за сите јавни набавки во Општина Струмица е објавена. Таа е достапна и за ВМРО-ДПМНЕ и за македонската јавност – се вели во реакцијата.

Оттаму додаваат дека во период кога СДСМ ѝ задава силни удари на власта, откривајќи сериозни скандали поврзани со криминал и корупција, наместени милионски тендери, предизборна корупција на медиуми, криење станови и разграбање државно земјиште во центарот на главниот град за 71 денар, ВМРО-ДПМНЕ немоќна да се справи со овие скандали бега од одговорите што ѝ ги должи на македонската јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top