| четврток, 6 декември 2018 |

Солскјер се враќа на „Олд трафорд“

Дваесет и третото коло од англиската Премиер лига ќе биде запаматено по враќањето на поранешниот играч на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер. Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, со кого освои сѐ што можеше да се освои, се враќа на „домашен“ терен овој пат како менаџер на Кардиф.

„Убиецот со бебешко лице“, како што го нарекуваа во Англија, важеше за вистиснки џокер на клубот бидејќи постигнуваше важни голови на крајот од мечевите. За Манчестер одигра 366 натпревари и постигна 126 гола.

Се чини најважен му беше тој во 1999 година кога во финалето на Лигата на шампионите успеа да постигне гол против Баерн Минхен и подоцна да се радува на трофејот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top