| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд со половина влада во Турција, ќе се подобрат ли односите?

fransoa olandФранцускиот претседател Франсоа Оланд ја почна дводневната посета на Турција, прва во 22 години за еден француски претседател. Според француските медиуми, тој ќе се обиде да ги подобри дипломатските и економските односи меѓу двете престолнини. Не помалку од седум министри и голема делегација деловни лидери се дел од патувањето.

Француските медиуми коментираат дека ова патување е во деликатен период, прво заради деликатната заднина на билатералните односи, а потоа и длабока политичка криза која во моментов ја тресе власта во Анкара.

Според најавите, Оланд со премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе разговара за преговорите на Турција за прием во Европската унија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top