| четврток, 6 декември 2018 |

Ново извлекување на „Фискална во рака – награда без мака“

fiskalna nagradna igra03 (Custom)

Новото, второ по ред извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, ќе се одржи вечерва во 20 часот, а ќе го пренесува МТВ.

Во ова извлекување учествуваат сите пликови што се пристигнати на адресата на Државна лотарија на Македонија, за наградната игра до вчера вечер во 24 часот. Право на учество имаат сите граѓани, кои во плик испратиле 20 фискални сметки, не постари од 15 ноември 2013 година,  со своите лични податоци. Ковертите може да се испраќаат по пошта и да се оставаат во пунктовите наменети за наградната игра, кои се лоцирани на ул. Македонија, во „Техномаркет“ во Сити галери и во зградата на МРТ каде е седиштето на Државната лотарија на Македонија.

Главната награда за ова извлекување е автомобил „фолксваген поло“ и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 до 60.000 денари.

Првото извлекување се одржа на 30 декември 2013 година. Има вкупно 13 извлекувања. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото кое ќе се реализира на 30 јуни 2014 и тринаесетото кое ќе се реализира на 29 декември 2014, покрај за редовните награди ќе се извлекува и за главните награди – стан во Скопје и продажен простор во Скопје.  Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените пликови од второто заклучно со шестото извлекување, а во тринаесеттото, за извлекување на наградите стан и продажен простор ќе учествуваат неизвлечените пликови од осмото заклучно со дванаесеттото извлекување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top