Драмата на британскиот режисер Мартин Мекдонау, „Три билборди надвор“ од Ебинг, Мисури ја доби наградата на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) за најдобар филм.
Свечената церемонија на 71. издание на БАФТА се одржа синоќа во Лондон во „Ројал Алберт хол“.
Овој филм, кој е награден со многу престижни награди, беше номиниран во девет категории, а освои четири од нив, меѓу кои и најдобра женска улога за Френсис Мекдорманд, најдобро оригинално сценарио и најдобар актер за поддршка за Сем Роквел.
„Три билборди…” е номиниран во седум категории. Филмот досега освои четири „Златни глобуси”, три премии на актерскиот еснаф во САД, награда за најдобро сценарио на Венецијанскиот филмски фестивал и за наградa од публиката на фестивалот во Сан Себастијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.