Неодамна завршеното Отворено првенство на Австралија во тенис донесе многу промени во редот на најдобрите тенисери во светот.
Рафаел Надал остана на водечката состојба, но со доаѓањето до финалето својата предност ја зголеми и сега има 14.330 АТП-поени, додека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ падна на 10.620 поени. Нивните поени се далеку пред другите тенисери, па така освојувачот на првиот гренслем-турнир во сезоната, Станислас Вавринка, дојде до третата позиција со 5.170 поени, дупло помалку од второпласираниот Ѓоковиќ.
Четврти на листата е Хуан Мартин дел Потро со 5.370, а по него следуваат Ферер и Мареј со 5.280, односно 4.720 поени. Роџер Федерер повторно доживеа пад на листата на АТП и моментално е осми тенисер во светот со 4.355 поени.
Кај девојките, пак, Серена е прва тенисерка во светот со огромни 13.000 поени, зад неа е Викторија Азаренка со 6.581, додека, пак, трета е сегашниот победник на ОП на Австралија, Ли Na, со 6.570 поени, само 11 помалку од Азаренка. Четврта е Радванска со 5.750 поени, додека на петтото место падна Марија Шарапова со 5.416 поени.
Јелена Јанковиќ остана осма во светот со 4.310 поени. Ана Ивановиќ напредуваше две места и сега е дванаесетта во светот со 3.160 освоени поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



