| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија

Доцна синоќа се случила семејна трагедија во Волен, Швајцарија. Албанка од Македонија била смртно ранета со пиштол, а полицијата се сомнева дека убиството го извршил нејзиниот сопруг, пренесува „Ина“.

Брзата помош на местото на настанот пристигнала со хеликоптер и 35-годишната повредена Албанка била префрлена во болница. Лекарите откриле дека куршумот ги допрел нејзините главни органи, причина поради која таа по неколку часа починала.

Уапсениот сопруг го признал убиството во полиција и изјавил дека причината била љубомора и брачни проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top