| четврток, 6 декември 2018 |

Симиќ: Македонците со право стравуваат за името

predrag-simic-sns-naprednjaci-1328585176-110358

– Oд почетокот верував дека Македонија ќе биде првата земја од регионот и од земјите на поранешна Југославија што ќе влезе во НАТО. Ја гледав како прва за прием според безбедносните проблеми. Ја гледав како сидро на стабилноста на југот од Балканот. Но, тоа не се случи, иако во меѓувреме Македонија даде најмногу, инвестираше во својот прием, меѓу другото и со учеството во Авганистан. Зошто е тоа така? Причините се и надворешни и внатрешни. На надворешен план, евроатлантизмот минува низ сериозна криза. Процените се дека НАТО сѐ повеќе ќе се приближува кон ЕУ, а ќе се оддалечува од САД. Од друга страна, самата ЕУ има проблем со своите перспективи, со својата ориентација. Каде оди таа? Многу работи ќе зависат од брзината на економското закрепнување на ЕУ, од надминувањето на најдолгата криза во нејзината историја. Во криза лесно се подлегнува на стереотипи и не случајно тие на нас гледаат како на нова Грција или Португалија. На внатрешен план, Македонија тргна во хомогенизација, но од аспект на избирачкото тело и партиската прагма. Ќе ви кажам само една досетка што скоро ја слушнав во Грција: „Ако сакате да ја научите грчката историја, тогаш појдете во Скопје!?“ Јас не сум за тоа да се прават компромиси на сметка на националните интереси, но се покажа дека само партии со десна, да не речам националистичка ориентација, можат да ги направат големите отстапки. Она што му успеа на Вучиќ, не го направија ниту Ѓинѓиќ, ниту Тадиќ – смета д-р Предраг Симиќ, професор на Факултетот за политички науки од Белград.

Поранешниот амбасадор на Србија во Париз, кој сега се подготвува за дипломатски пат во најмногубројната земја во светот, Кина, смета дека со Рамковниот договор од Охрид, Македонија веќе била модел за разрешување на меѓунационални односи.

– За мене е изненадувачки што проблемот со името трае толку долго. Имам разбирање за стравувањата кај Македонците. Нема расположение за промена на името. Што би значело тоа Република Македонија да си го промени името? Јас, исто така, би имал проблем, ако, на пример, се бара Србија да си го промени името. Идентитетот на еден народ е многу големо прашање. Проблемот го усложнува и самиот факт што Македонци живеат во сите 4 држави од своето опкружување. Дури и да се преименува во Горна или Северна, не сум сигурен дека проблемот би бил решен. Од друга страна, економската состојба во Грција, исто така, е голем фактор. Предвидувам статус кво состојба на подолг рок – коментира тој за Утрински весник и додава:

Во една таква ситуација се поставува прашањето за алтернативите. Не е исклучено да расте евроскептицизмот, особено во Македонија и Србија. Евроентузијастите велат дека Србија конечно го исправи својот курс, по 100 години лутање. Србија мислеше дека во 1918 година ја направи својата држава и го реши своето национално прашање. По распадот на Југославија, Милошевиќ веруваше дека е тоа само привремено решение и дека ќе се реинкарнира старата градба. Затоа во 1992 година, со Црна Гора, ја правеше СРЈ, како „две очи во една глава“. Косово остана во границите на Србија само во телевизиските емисии! Западнавме во една парадоксална ситуација да не знаеме до каде ни се границите и каква земја сме. Што сме ние? Дали се одвоивме или сме остаток од бивша Југославија? Во една пригода го прашав вашиот сега веќе покоен политичар Арбен Џафери: „Арбене, кога ние вистински ќе се помириме?“, „Кога вие Србите ќе престанете да бидете гнездо за туѓи јајца“, гласеше одговорот. А и не само Србија. Може ли некој прецизно да одговори колку земји има на Балканот? Логиката на разбивањето на Југославија беше да се почне од Словенија и по ред, преку Хрватска, Босна, Косово – после Дејтон, па Македонија. Се мислеше дека по падот на Милошевиќ, ќе дојде крајот, но, очигледно тој крај е одложен. Што се однесува до алтернативите за ЕУ, односно дали Русија и Кина можат да бидат реални опции? Тешко. Единствено може да биде тоа Русија, но само ако заживее замислената евро-азиска унија. Кина е на 7.000 километри од нас, уште и со свои приоритети. Од друга страна, меѓу нас и Русија, сега стојат две земји на НАТО. Јас отворено говорам за слабостите, лутањата, загрозените перспективи на ЕУ. Но, сепак, сметам дека ЕУ засега е единствениот реален геополитички проект. Чисто економски – над 60 проценти од вкупната размена на Србија се одвива со земјите на ЕУ.

На прашањето – Србија ги започна преговорите за членство во ЕУ, откако со посредство на Брисел, тргна во средување на односите со Косово. Возможен ли е тој модел и за Македонија? тој вели:

Со Рамковниот договор од Охрид, Македонија веќе беше модел за разрешување на меѓунационални односи. За мене е изненадувачки што проблемот со името трае толку долго. Имам разбирање за стравувањата кај Македонците. Нема расположение за промена на името. Што би значело тоа Република Македонија да си го промени името? Јас, исто така, би имал проблем, ако, на пример, се бара Србија да си го промени името. Идентитетот на еден народ е многу големо прашање. Проблемот го усложнува и самиот факт што Македонци живеат во сите 4 држави од своето опкружување. Дури и да се преименува во Горна или Северна, не сум сигурен дека проблемот би бил решен. Од друга страна, економската состојба во Грција, исто така, е голем фактор. Предвидувам статус кво состојба на подолг рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top