Екипата во ватерполо, Црвена звезда го одбрани трофејот Куп на Србија благодарение на неверојатниот гол на голманот Денис Шефик, кој ја погоди противничката мрежа од гол на гол во последната секунда од мечот.
Голманот по мечот, кој заврши 12-11 за Црвена звезда, изјави дека никогаш ниту видел ниту чул дека бил постигнат таков гол во базените низ светот.
– Шутнав од очај. Не ми преостануваше ништо друго да направам затоа што имаше неколку секунди до крајот. Топката многу незгодно отскокна преку рацете на голманот Радиќ. Тоа се случува многу ретко. Не се сеќавам дека се случило такво нешто порано – изјавил Шефик. Како сето тоа изгледаше погледнете тука:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.