| четврток, 6 декември 2018 |

Франција нов европски шампион во ракомет

Франција ја победи Данска со 41:32 и ја симна од европскиот трон. „Триколорите“ доминираа во текот на целиот финален натпревар одигран вечерва во Хернинг пред околу 15 илјади гледачи.

Завршниот дуел на 11.Европско првенство кое изминативе две седмици се одржуваше во Данска беше решен уште во првото полувреме во кое Французите постигнаа дури 23 голови наспроти 16.те на домаќинот.

Гигу беше најефикасен во победничкиот состав со 10 погодоци, Порте реализира еден помалку, Абало седум пати се запиша во листата на стрелците. Голманот Омејер оствари 12 одбрани.

Кај Данска се истакна Хансен со девет голови, Линдберг даде седум, но потфрлија голамните. Ландин спречи само четири удари на противничките ракометари. Овие две репрезентации победуваат на последните пет ЕП, а по вечерашниот исход односот е три злата за Франција, додека Данска остана на две титули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top