Сакаме да го известиме СДСМ дека Кирил Божиновски, генералниот секретар на Владата на Република Македонија, веќе подолго време е женет и живее одвоено од своите родители. Божиновски од 16 јуни 2012 година го сменил својот брачен статус, односно живее во друга семејна заедница. Влегувањето во брак, односно промената на брачниот статус, нормално, како за секој друг човек, е верификувано од надлежните државни органи. Според тоа, Божиновски нема обврска и не сноси никаква одговорност за информирање и пријавување на имотот на семејната заедница во која тој не живее, без разлика дали станува збор за стекнување, продажба или за каква било друга промена во сопственоста. Станува дегутантно и смешно тоа што го прават Шилегов и СДСМ. За тоа што го обвинуваат Кирил Божиновски нема ништо незаконско. Информациите околу имотот на Божиновски се јавно достапни и немаат никаква моментална поврзаност со имотот на семејната заедница во која не живее речиси две години. Шилегов и СДСМ не можат да им забранат на луѓето да решаваат како и со кого ќе живеат – реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека Божиновски не го пријавил станот на име на мајка му.
Свесни сме, велат од партијата, дека со тој начин на манипулирање на јавноста СДСМ сака да го оттргне вниманието од тендерските скандали поврзани со нивниот лидер Зоран Заев.
– Наместо безуспешно да се обидуваат да го свртат вниманието на граѓаните, СДСМ треба да одговори од каде се огромните имоти и фирми на Зоран Заев и кланот Заеви, огромниот број возила, вили, куќи и станови и како и на кој начин се стекнуваат 2 милиона евра чист профит за само една година. Исто така, СДСМ треба да одговори како Радмила Шекеринска ги стекнала своите 5 стана за само неколку години, вилата во Маврово, скапите парчиња облека и накит, и тоа веднаш од кога завршила со функцијата потпретседател на Владата – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)