Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изнесе тврдења дека Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата, во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил стан на име на неговата мајка, во зграда на улицата „Димче Мирчев“, број 20 во центарот на Скопје.
Според Шилегов, во анкетниот лист достапен на интернет, генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, пријавил: стан од 89 м2 во Скопје од 1989 година, земјоделско земјиште во Злокуќани, автомобил од 1997 година, куќа од 34 м2 во Скопје, од 2011 година, сето тоа имот на родители. И уште 180.000 денари сопствен имот од продажба на половен автомобил.
– Но, Кирил Божиновски, во овој анкетен лист сокрил друг стан од 89 метри квадратни, кој се води на име на неговата мајка, Василка Божиновска, со пазарна вредност од околу 120.000 евра – наведе Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


