| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите на Заеви во 2012 година оствариле заработка од 2 милиони евра

goran-kol-11-ZaevZ

Зоран Заев кажа дека неговите фирми и фирмите од кланот Заеви работат со загуба и за жал, повторно излажа.             Фирмите на Заеви, само во 2012 година оствариле заработка, нето оданочен приход од 2 милиони евра – тврди ВМРО-ДПМНЕ. На денешната пресконференција бепе посочено дека сакајќи да го скрие богатството и комодитетот на кланот Заеви, Зоран Заев на новинарско прашање одговорил дека фирмите на неговото семејство и неговите партнери работеле со загуба. Но реалноста е друга.

Ви го пренесуваме интегрално текстот од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Во 2012 година фирмите на кланот Заеви во кои сопственици се таткото, чичкото, братот, братучедите и други бизнис партнери на Зоран Заев оствариле нето добивка преку своите фирми од 121.642.000,00 денари или 2 милиони евра. Тука се вбројуваат скоро сите фирми на семејството Заеви како:

  • Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на Горан Крстев, бизнис партнер на Вице Заев, остварила нето добивка од  8.410.257,00 денари.
  • Фирмата ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица на Симеон Крстев, татко на Горан Крствев, остварила нето добивка од 11.125.229,00 денари.
  • Фирмата ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица на братучедите  Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 6.076.156,00 денари.
  • Фирмата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, инаку позната на јавноста по скандалот со затруените корнишони во Хрватска, остварила нето добивка од 15.299.306,00 денари.
  • Фирмата ЕЛЕНИЦА Струмица на братот Вице Заев и братучедите Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева, остварила нето добивка од 44.193.909,00 денари.
  • Фирмата САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица на братот Вице Заев и неговиот бизнис партнер Горан Крстев, остварила нето добивка од 7.378.361,00 денари.
  • Фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на братот Вице Заев, остварила нето добивка од 2.772.929,00 денари.
  • Фирмата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева, братот Вице Заев и зетот Радиша Бојовиќ Заев, остварила нето добивка од  4.686.654,00 денари.
  • Фирмата ПЕОН ДОО Струмица на братучетката  Катерина Бојовиќ Заева и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 20.647.778,00 денари.

Ова се само дел од фирмите на кланот Заеви кои во 2012 година на ова семејство и на неговите бизнис партнери им донеле чиста заработувачка од неверојатни 2 милиони евра.

Господине Заев, доколку 2 милиони евра за вас претставуваат загуба, колку ли треба да заработат вашите фирми за да се задоволат вашите апетити? Како тоа вашите фирми работат со загуба кога и самите изјавивте дека семејството Заеви е богато семејство?

Ве повикуваме наместо да ја лажете македонската јавност и да го криете богатството на вашето семејство, да излезете и на јавноста конечно да и ја кажете вистината.

Јавноста го заслужува тоа и редно е да објасните како Зоран Заев заедно со семејството може да се збогати толку многу за толку краток период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top